Претерано миење на лицето, стрес - најчудните причини за појава на акни
Акните се еден од најчестите проблеми со кожата со кои се соочуваат луѓето, а причини за нивна појава има безброј. Во пубертетот, појавата на акни и мозолчиња е нормална, но ако имате акни и подоцна во животот, сигурно постои некој друг проблем. Хормоналните проблеми се една од најчестите причини за појава на акни, но не и единствената. Знаевте ли дека дури и претераното миење на лицето може да предизвика акни? Од загадување на воздухот и премногу сончева светлина, па сè до пушење и стрес, погледнете кои се најчудните причини за појава на акни.