I Am Legend, Vanilla Sky: Најскапите филмски сцени на сите времиња



За да се сними еден холивудски филм, филмските студија одвојуваат по неколку стотици милиони долари. Понекогаш, пак, режисерите одвојуваат милиони од буџетот, само за сцена од едвај 2-3 минути. Се сеќавате на почетната сцена од Vanilla Sky со Том Круз? Овде можете да го видите Тајмс сквер во Њујорк без ниту еден човек, но не станува збор за компјутерска анимација. За да ја сними сцената, режисерот успеал да се договори со полицијата од Њујорк да го испразнат Тајмс сквер од 5 до 8 часот наутро. Крајниот резултат е неверојатна сцена, за која платиле уште поневеројатна сума – за само 30-тина секунди, биле потрошени над 1 милион долари.

The HWD Facebook commenting plugin is not published