Стив Џобс ги ставал нозете во тоалетна школка: Чудните работи што ги прават богатите за да ја разбудат нивната креативност
Доста често се зборува за навиките на богатите кои наводно им помогнале во нивниот успех. Веруваме дека ако ги следиме нивните совети, можеби еден ден и ние ќе бидеме како нив. Но, дефинитивно поинтересни се чудните навики на овие луѓе, кои наводно им помагаат да ја разбудат својата креативност. На пример, додека Стив Џобс работел за Atari, имал навика да застанува во тоалетна школка за да се ослободи од стресот. Коосновачот на Twitter, пак, јаде само еднаш дневно, бидејќи така полесно се фокусирал.