Forbes открива: Што точно се случи и зошто Кајли Џенер повеќе не е милијардерка?
Уште кога Forbes ја прогласи Кајли за најмладата милијардерка која сама ги заработила парите, луѓето ширум целиот свет негодуваат. Најчестата причина за револт беше фактот дека Кајли е родена во многу богато семејство и сигурно добила помош пред да го заработи своето богатство. Сега, пак, од Forbes велат дека Кајли го загубила овој статус и дека, наводно, лажела за нејзиното богатство. Ова видео е објавено од Forbes и накратко објаснува што точно се случило и зошто Кајли е тргната од нивната листа.