„Уште не можам да поверувам“ - Емотивниот говор на Илон Маск за успешното лансирање и следните мисии до Месечината
Во саботата, компанијата на Илон Маск направи огромен чекор напред во областа на вселенските патувања. SpaceX, заедно со НАСА, успешно ги лансира астронаутите Боб и Даг до Меѓународната вселенска станица, и тоа со комерцијална ракета за повеќе употреби. Кратко по лансирањето, Илон одржа говор за оваа, но и мисиите планирани за во иднина. Ова видео е скратена верзија на говорот и се задржува на најважните точки – лансирањето, вселенските патувања и идните планови за праќање екипаж на Месечината. Говорот е исполнет со емоции, а и самите ќе забележите дека Илон едвај ги крие неговите солзи.