Кои навики ќе ви помогнат да го зголемите коефициентот на интелигенција?
Сите луѓе се родени со различен коефициент на интелигенција, но доколку не сте задоволни од вашиот, секогаш има начин да го зголемите. Постојат безброј техники и навики што ќе ви помогнат во ова, а интернетот дополнително ќе ви го олесни целиот процес. На пример, една од навиките што ќе ве направи попаметни е независното учење. Односно, обидете се да изучувате разни теми, настрана од училиштето, факултетот или она што ви е потребно за работа. Интернетот, пак, е место полно со бесплатни курсеви и едукативни видеа, и лесно ќе најдете нешто што ве интересира.