Македонскиот диџеј Сајо со нова нумера насловена „Balkan Troubles“



Македонскиот диџеј познат како Сајо (Sajo), во соработка со италијанската продуцентска куќа Saturn V Recordings, објави нова нумера насловена „Balkan Troubles“. Како што вели самиот, станува збор за „грув хаус“ песна, со моќни перкусивни елементи. Од нејзиното објавување на 29-ти мај, Balkan Troubles била дел од плејлистата на неколку светски радиостаници.

The HWD Facebook commenting plugin is not published