Што навистина се случува помеѓу Хари и кралското семејство после „Мегзит“?



Откако Хари и Меган Маркл ѝ соопштија на јавноста дека се повлекуваат од кралските должности, целиот свет си го поставува истото прашање: Каков е односот на Хари со членовите на кралското семејство? Нормално, тој период се појавија безброј гласини дека Хари навистина го разочарал семејството со оваа одлука. Но, неговото патување до Велика Британија во февруари изгледа го докажа спротивното. Тогаш Хари ги завршуваше неговите последни кралски обврски, но ја искористил посетата и за да поразговара со неговото семејство. Наводно, тој дури и бил на „опуштен“ ручек со неговата баба, кралицата Елизабета, а според изворите немало никакви расправии и сериозни разговори…

The HWD Facebook commenting plugin is not published