Зборува три јазици - Работи што не сте ги знаеле за Присила Чен, сопругата на Марк Закерберг
Луѓето често зборуваат за основачот на Facebook, Марк Закерберг, но и приказната на неговата сопруга е исто интересна. Присила Чен и Марк се запознале на студентска забава на Харвард, во 2003-та година. И Присила студирала на Харвард, а нејзината интелигенција веднаш го привлекла Марк. Покрај неверојатното познавање на науката, Присила зборува и три јазици, а си има изградено и своја кариера. Погледнете го видеото и дознајте нешто повеќе за оваа неверојатна жена.