Што се случи со Клаудија Шифер, еден од најпознатите супермодели во светот?
Клаудија Шифер е еден од првите супермодели во светот и откако ја започна кариерата во 1987-ма, таа има соработувано со најдобрите дизајнери и фотографи. Но, во раните 2000-ти, манекенката почна да се повлекува од модната сцена. Клаудија одлучи да престане да се појавува на модните писти во 2002-ра година, кратко по венчавката со Метју Вон. Наводно сопругот, за кој вели дека е љубовта на нејзиниот живот, ја инспирирал повеќе да се фокусира на семејството, отколку на кариерата…