Корисни трикови со сода бикарбона кои сигурно ќе ви се најдат
Сода бикарбоната е едно од нештата што ги има во речиси секој дом, а веројатно и вие сте ја искористиле барем еднаш. Има причина што овој продукт е толку популарен – евтин е, а може да се користи за безброј работи. Ако сте останале без антиперспирант, знаевте ли дека можете да употребите и сода бикарбона? Нормално, можеби нема да биде исто ефикасна, но кога немате време за ништо друго, колку-толку ќе ви помогне. Погледнете го видеото и дознајте за што сè можете да користите сода бикарбона.