„Прошетка“ низ најгламурозните гардеробери на славните
Проблемот со кој се соочуваат многу жени е немањето доволно простор за облеката, накитот, чевлите, модните додатоци… Дури и кога се обидувате да направите место фрлајќи ги непотребните работи, се чини како ни тоа да не е доволно. Славните жени, како Кајли Џенер и Мараја Кери, дефинитивно го немаат овој проблем – нивните гардеробери се големи колку цел стан, а фактот дека се исполнети само со дизајнерски парчиња лесно може да предизвика љубомора. Очигледно, ѕвездите вложуваат многу во нивните гардеробери, а во ова видеo можете да погледнете како изгледаат некои од најлуксузните.