Панталони за жени, корсети - Модни парчиња кои некогаш биле забранети
Трендовите постојано се менуваат, но знаевте ли дека некој од нив исчезнале од модната сцена само затоа што биле забранети? Се разбира, и денес постојат разни кодекси на облекување, но сигурно никој не би ви забранил да носите панталони само затоа што сте жена. Во минатото луѓето очигледно размислувале поразлично, па панталоните беа парче облека наменето само за мажи. Дури после Првата светска војна почнале да се произведуваат „женски“ панталони, и тоа најмногу бидејќи им биле практични на жените кои работеле по фабрики. Но, панталоните не се единственото модно парче што некогаш било забрането. Корсетите, хеланките, па дури и долната облека со чипка се само дел од облеката која спаѓа во оваа категорија.