Џеј Ло и Џими Фелон ги прават најпопуларните TikTok предизвици со танцување
TikTok предизвиците, особено оние со танцување, го освоија целиот свет. Очигледно, ни познатите не останаа имуни на нив. Па така, Џеј Ло, заедно со Џими Фелон, се обидува да ги направи најпопуларните TikTok предизвици со танцување. Она што го прави видеото уште поинтересно е што тие можат да го видат предизвикот само еднаш, а потоа се обидуваат да го направат. Што мислите, ќе успее ли водителот да ја „надигра“ незаменливата Џеј Ло?