Симптоми за проблеми со менталното здравје што не смеете да ги игнорирате



Менталните болести и нарушувања вклучуваат цела низа проблеми со менталното здравје, кои имаат влијание врз расположението, размислувањето и однесувањето на долг период. Депресијата, анксиозноста, нарушувањата во исхрана и слично се пример за ментални болести, кои можат да имаат долгорочно влијание врз вас и вашето здравје. Факт е дека менталните проблеми во голема мера уште претставуваат стигма, но ако подолг период забележувате некој од симптомите во видеото, обидете се да побарате помош. Повеќето ментални нарушувања, како депресија и анксиозност, се навистина чести и можат да се излечат, а најбрзо и најлесно ќе го направите тоа ако се обратите кај професионалец.

The HWD Facebook commenting plugin is not published