Кавијар од 25.000 долари, супа од 2.000 долари - храна што можат да си ја дозволат само богатите
Сте се запрашале ли каква храна јадат богатите? Сигурно и тие одат во супермаркет и се хранат како секој просечен човек, но постојат намирници што можат да си ги дозволат само тие. Школките се сметаат за луксузен деликатес, но еден вид ги надминува сите – само една од овие школки може да чини над 70 долари. Во Кина, пак, се прави супа од птичјо гнездо и иако не звучи воопшто вкусно, овој деликатес се продава по цена од над 2.500 долари!