Особини што ги прават интровертите неверојатно привлечни
На прв поглед, интровертите изгледаат како срамежливи и повлечени, но и тие имаат особини што ги прават навистина интересни личности. За разлика од екстровертите, интровертите немаат потреба од постојана интеракција со другите и најдобро „ги полнат батериите“ кога се сами со своите мисли. Ова не значи дека тие не ги сакаат луѓето, туку едноставно, имаат потреба некое време да бидат сами. Овие луѓе уживаат во своето друштво и секогаш наоѓаат интересни начини да го исполнат своето време. Ако и вие сте интроверт, погледнете кои особини ве прават неверојатно привлечна личност.