Мараја Кери, Џесика Симпсон - Славни личности кои се појавиле пијани на телевизија
Кога сте излезени или собрани некаде со друштво, не е ништо чудно да испиете некоја чашка повеќе. Многу луѓе се опуштаат со пијачка, но речиси сите го избегнуваат алкохолот кога треба да работат или кога треба да се појават на некој важен настан. А, сигурно не би се појавиле пијани ако треба да зборувате пред стотици луѓе. Сепак, некои познати си дозволиле да се опуштат малку повеќе, па без проблем се појавиле пијани на телевизија. Мараја Кери и Џесика Симпсон се само дел од славните кои се нашле во ваква ситуација.