Ким Џонг-Ун, Хилари Клинтон - Јавни личности за кои се верува дека користат двојници



Светските лидери секогаш можат да бидат мета на убијци поради нивните ставови и политиката што ја водат. Актерите и актерките, пак, се изложени на ризик од повреда, па дури и смрт, ако треба да снимат некоја опасна сцена. Поради тоа, двојниците на јавните личности не се ништо ново. Додека повеќето од нас сме свесни дека во филмовите, особено акционите, не ги гледаме омилените актери, туку нивни двојници, понекогаш се појавуваат сомнежи дека и светските лидери, како Ким Џонг-Ун, користат двојници. Неодамна, светот почна да се сомнева дека Ким Џон-Ун починал, бидејќи некој период немаше никаква трага од него. Но, откако повторно се појави во јавноста, почнаа да кружат безброј гласини дека тоа не е Ким, туку негов двојник.

The HWD Facebook commenting plugin is not published