Вируси и бактерии - кои се разликите, а кои сличностите помеѓу нив?
Сигурно периодов сте читале и слушале многу за вирусите. Сепак, моментално во светот владее пандемија со вирус, па нормално е да се заинтересирате на таа тема. Знаеме дека повеќето заболувања со кои се соочуваат луѓето се вирусни или бактериски, но што точно е разликата помеѓу вирусите и бактериите? Денес имаме лекови кои се ефикасни против вирусни, но не и против бактериски зарази. Важи и спротивното – постојат лекови против бактерии, кои немаат никакво влијание врз вирусите. Првата поделба на вирусите и бактериите е тоа што бактериите дефинитивно се сметаат за живи, додека вирусите најверојатно не спаѓаат во оваа категорија…