Придобивки од колагенот за кои секоја жена треба да знае
Претпоставуваме дека досега сте слушнале за колаген и за тоа колку е важен. Но, кои се придобивките од него и дали сето она што го слушаме за него е вистина? Колагенот е состојка која се наоѓа во нашето тело и има неколку важни функции. Проблемот со колагенот е тоа што со годините, негово количество во нашето тело се намалува. Нормално, ова намалување зависи и од други фактори покрај возраста, како пушење и изложеност на сонце. Поради ова многу луѓе, особено жените, се прашуваат дали треба да направат нешто во врска со тоа. Ова видео ќе ви објасни што точно е колагенот и која е неговата улога во организмот, а ќе ви ги одговори и повеќето прашања што сте ги имале за него.