„Лошите денови да ги претвориме во добри“ - Диџеј Љубиша ги забавува битолчани од Саат-кулата



Диџеј Љубиша објави видео снимено на Саат-кулата во Битола, од каде што пушта музика и свири саксофон. Како што вели самиот, целта на видеото е лошите денови да се претворат во добри, но и да се прикаже неговиот магичен град, заедно со Саат-кулата, која е една од најпознатите знаменитости во Битола. Видеото од „забавата“ трае кратко, но сигурно ќе ви го разубави денот.

The HWD Facebook commenting plugin is not published