Кајли и Тревис, Џастин и Хејли Бибер - Најчудните врски на познатите
Воопшто не е лесно да изградите и да одржите стабилна и среќна врска. Па, не е ни чудно што постојано слушаме за расправиите и раскинувањата на славните парови. Додека повеќето луѓе штом ќе ѝ стават крај на една врска, не ни помислуваат да му се вратат на поранешниот партнер, за некои врски веројатно се потребни 2-3 обиди пред да станат успешни, па дури и да се претворат во брак. Периодов, можеби најчудна е врската на Џиџи Хадид и Зејн Малик. Пејачот и супермоделот беа заедно некое време, а потоа се разделија. Но, кратко после веста дека ја обновиле врската, јавноста дозна и дека Џиџи и Зејн го очекуваат нивното прво дете…