Белгија и Холандија, Австрија и Германија - Најчудните граници во светот
Кога станува збор за граница помеѓу две држави, веројатно помислувате дека низ целиот свет се исти како кај нас - се наоѓаат настрана од градовите, веројатно се обележани со нешто и можете да ги поминете само преку некој од граничните премини. Но, ќе се изненадите кога ќе дознаете какви сè граници има ширум светот. Една од најинтересните е границата помеѓу Белгија и Холандија. Точно на границата помеѓу државите е сместен град, кој се наоѓа и во Белгија, и во Холандија. Нема никакви прегради помеѓу двете држави, а границата е обележана на улиците, па дури и на подовите на градбите кои се наоѓаат во средина.