Венчање со први братучеди, дружење со нацисти - Работи што британското кралско семејство сака да ги заборавиме
Ни британското кралско семејство нема моќ да ги скрие сите свои тајни, па денес светот знае многу работи за нив што тие би сакале да ги заборавиме. Знаевте ли дека кралицата Викторија и принцот Алберт биле први братучеди? Сепак, ова не ги спречило да се венчаат. Уште почудно во целата приказна е тоа што тие биле навистина среќни заедно, а имале дури девет деца. Една од поновите контроверзии со кралското семејство е пријателството на принцот Ендру и Џефри Епстајн, кој беше обвинет за педофилија…