Трик од експерт кој соработува со славните - Како сами да ги отстраните гелните нокти?



Гелните нокти бараат редовно одржување, но периодов немавме услови за одење во козметички салон. Па, доколку сметате дека е време да го отстраните гелот од ноктите, постои начин да го направите тоа и сами дома. Наоми Јасуда е експерт за нокти и има соработувано со ѕвезди како Лејди Гага и Џиџи Хадид, а сега решила да ни покаже како сами да се ослободиме од гелните нокти. За целиот процес ќе ви бидат потребни работи што сигурно ги имате дома, како ацетон, турпија и алуминиумска фолија, а како што вели Наоми, најважно е да бидете трпеливи за да успеете.

The HWD Facebook commenting plugin is not published