Креативна наставничка со одлична идеја за безбедни прегратки во карантин
Бидејќи сите мораме да држиме дистанца едни од други, прегратките станаа многу ретки. Но, една наставничка во основно училиште добила одлична идеја. Наставничката Келси направила преграда со пластична фолија пред нејзината врата, а на фолијата додала и „ракави“ за нејзините раце. Овој изум ѝ овозможува да ги прегрне нејзините ученици, без никој да биде изложен на ризик. На вратата ставила и натпис, „Карантински прегратки“, на кој го објаснила процесот, нагласувајќи колку е важно да се дезинфицира преграта пред и после секоја прегратка. Келси вели дека учениците со радост трчале кон неа, ја прегрнувале и ѝ кажувале што прават и како се.