Симптоми на хроничен стрес кои покажуваат дека е време да преземете нешто
Стресот е еден од најраспространетите проблеми ширум светот и речиси да не постои личност која не го искусила. Додека „поблагиот“ стрес понекогаш може да биде и корисен, хроничниот стрес може да предизвика цела низа проблеми. Иако се верува дека стресот има најмногу влијание врз менталното здравје, ако постојано сте изложени на него, ќе почнете да чувствувате и физички симптоми. Во тој случај, добро би било да најдете начин да го намалите нивото на стрес, а ако сметате дека има потреба, побарајте и помош од професионалец. Дебелината, главоболките и проблемите со дигестивниот систем се само дел од симптомите на хроничниот стрес, кои покажуваат дека е време да преземете нешто.