Љубов или опсесија - како да ја препознаете разликата?
Опсесијата и љубовта можат да бидат премногу слични, но само на почетокот од врската. Штом ќе помине некое време, опсесијата полека ќе почне да ги покажува своите канџи. Па како да бидете сигурни дека партнерот или личноста што ви се допаѓа е навистина вљубена во вас и дека не станува збор за опсесија? Иако вљубената и опсесивната личност на почетокот би се однесувале исто, постојат неколку суптилни разлики. Доколку не сте сигурни за што станува збор во вашата врска, ова видео ќе ви помогне да го најдете одговорот.