Не смеат да јадат лук, ниту да трошат многу пари - Кои правила ги следи кралското семејство кога патува?
Пред да почне пандемијата, британското кралско семејство патуваше навистина често. А, веројатно ќе продолжат со истото темпо кога ситуацијата ќе се нормализира. Иако можеби нам ова ни се чини забавно, повеќето од нивните патувања се далеку од релаксирачки. Турнеите на кралското семејство бараат детално планирање и следење многу строги правила. А, некои од нив се навистина чудни. На пример, во која држава и да одат, за секој член од семејството однапред се подготвува мени за исхрана. Истовремено, нивните оброци не смеат да содржат лук. Кога станува збор за летање, членовите на кралското семејство можат да користат приватни авиони, но само за посебни патувања.