Забравете на Facebook и Instagram - 10 работи што не смеете да ги направите во Кина
Со 1,4 милијарда жители, Кина е најнаселената држава во светот. Но покрај ова, Кина е позната и по чудната странска политика и брзиот економски раст. Истовремено, Кина си заработи и репутација на држава со екстремни закони и многу прекршувања на човечките права. Па, што сè е забрането во оваа држава? Социјалните мрежи како Instagram и Facebook ни се секојдневие, но не и на луѓето кои се во Кина. Оваа држава ја забрани употребата на Instagram, Facebook, Snapchat и Twitter. Наместо тоа, Кинезите имаат свои социјални мрежи, кои, пак, честопати користат цензура.