Суперхикс со нова песна и „карантински“ спот - Слушнете ја „СКАрантин“



Кога станува збор за забава, песна и многу скокање, на тоа поле Суперхикс се незаменливи долги години на македонската естрада. Карантинот не ги спречи, туку напротив, ги мотивираше да настане нивната нова песна „СКАрантин“ во домашни услови. Бунтовна, игрива и ексцентрична, „СКАрантин“ е песна во која ќе се пронајде секој екстроверт, но и интроверт. „СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во песната проследена со веселата ска музика, препознатлива за нив. Видео спотот е интересен, со позитивна енергија, на којшто не можете, а да не заиграте и да не се насмеете. Во него се појавуваат и нивните фанови коишто се забавуваат во нивните домови, со заштитни маски, играат, пеат, свират и покажуваат како го поминуваат своето време во карантин.

The HWD Facebook commenting plugin is not published