Зошто се одржува, кој може да присуствува - Сè што треба да знаете за Мет Галата
Веќе неколку години, првиот понеделник од месец мај е резервиран за легендарната Мет Гала. Поради новонастанатата ситуација, овој настан е одложен за годинава и не знаеме дали воопшто ќе се одржи. Па наместо да им се восхитувате на модните креации, овојпат обидете се да научите нешто за неговата историја. На Мет Галата присуствуваат најпознатите и најмоќните имиња во светот, а целиот настан наликува на огромна модна ревија. Но, не значи дека отсекогаш било вака. Сè започнало во 1920-тите, благодарение на две жени …