Како се казнуваат луѓето кои ги прекршуваат мерките за заштита ширум светот?



Пандемијата беше причина за воведување навистина строги мерки. Исто како кај нас, и во многу држави ширум светот има полициски час, забрана за групирање и секакви правила, со цел да се намали бројот на заразени лица. Додека кај нас можете да си заработите релативно поблага казна поради прекршување на мерките, некои држави се навистина строги. На пример, властите во Кина не толерираат ништо и дел од оние кои ги прекршиле мерките се сместени во владин центар за изолација. А, сигурно не сакате да го поминете целиот овој период во некоја владина установа наместо дома. Истовремено, во Кина се користат и дронови со кои се спречуваат групирањата и се „ловат“ луѓето кои не се придружуваат до правилата.

The HWD Facebook commenting plugin is not published