Колера, ХИВ - Најлошите пандемии со кои се соочило човештвото
Историјата ни покажува дека човештвото е навистина издржливо и може да се справи со секаква катастрофа. Пандемијата со корона вирусот не е прва во нашата историја и иако мислиме дека сега ситуацијата е катастрофална, имало периоди кога луѓето биле во многу полоша состојба. Чумата, која е нарекувана и црна смрт, е една од најлошите пандемии со кои се соочиле луѓето. Тој период човештвото било најблиску до истребување и се проценува дека од чумата умреле помеѓу 75 и 200 милиони луѓе.