Најчестите симптоми на хормонална нерамнотежа кај жени
Хормоналната нерамнотежа може да предизвика секакви проблеми, па ако се сомневате дека се појавила и кај вас, најдобро е да се консултирате со лекар и да не правите ништо на своја рака. Но како да препознаете дали се случува нешто вакво во вашето тело? Нарушувањето на хормоните речиси секогаш доаѓа со одредени симптоми, па треба да обрнувате внимание на промените на вашето тело. Некои од најчестите симптоми што ги чувствуваат жените со хормонална нерамнотежа се акни на лицето и телото, растење влакна на необични места (како на лицето), па дури и проретчување на косата…