Сурови тренинзи, натрупани распореди - Како навистина изгледа животот на младите балерини
Најчесто, балерините го почнуваат својот тренинг уште на 5-6 години. Па, кога ќе стигнат до тинејџерските години, тие веќе имаат 10 години искуство. А, да се биде тинејџер и онака не е лесно, па замислете си како им е на тинејџерките кои се и балерини. Вежбањето од рано наутро до доцна навечер, заедно со одењето на училиште и пишувањето домашни, може да биде навистина заморно. Повеќето млади балерини имаат пренатрупани распореди, во кои нема време за дружба и забава. Истовремено, тие се под постојан притисок да изгледаат слабо и совршено, и се строги кон себе ако го немаат идеалното тело на балерина. Речиси сите професионални балерини поминале низ ова, а во видеото можете да видите како навистина изгледаат нивните тинејџерски години.