Зошто облеката од Gucci е толку скапа?
Gucci е еден од најпрепознатливите модни брендови во светот, а нивните производи со години се обележје на богатите и познатите. Малку луѓе можат да си дозволат да се облекуваат од овој бренд поради енормно високите цени. На пример, тие имаат чанти кои чинат и по 30.000 долари. Па, сигурно сте се запрашале дали овие цени се оправдани. Погледнете го видеото и дознајте малку за историјата на модниот бренд, но и за причината зад високите цени.