Наскоро почнуваат авантурите на Зоки Поки - Погледнете го официјалниот трејлер



„Зоки Поки“ на Оливера Николова е книгата што го обележа детството на многу генерации. Првпат објавена уште во далечната 1963-та, ова е книга за која со задоволство зборуваме и денес. А, веста за нејзината екранизација, која започна во 2019-та, навистина израдува многумина. Поради наследството што го претставува оваа книга, но и недостатокот од домашна телевизиска програма за деца, режисерот Александар Поповски и продуцентот Роберт Насков решиле да создадат проект „што ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното брзо време“. Сега имаме можност да го погледнеме и трејлерот за серијата, која ќе почне да се емитува на 4-ти мај, на МТВ 1.

The HWD Facebook commenting plugin is not published