Македонските музичари од дома ја пеат „Чукни во дрво“ - извонредна изведба (видео)



Македонските музичари сè почество се вклучуваат во проекти со кои од дома ги забавуваат нашите граѓани со добра музика и песна - секоја чест! Последно, голем дел од врвните македонски артисти, заедно со Мандолинскиот оркестар „Скопје“ од дома ја испеаја „Чукни во дрво“ - изведбата е маестрална. 

Уживајте со квалитетна македонска музика! 

Во описот на видеото стои: Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски артисти, меѓу кои: Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени, Алкесандар Митевски и Драган Спасов- Дац, Вера од Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“. Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани. Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно - здравје, среќа и љубов!

The HWD Facebook commenting plugin is not published