Светки, шатирање и „невидливи“ веѓи - Најлошите трендови од 2000-тите
Велат дека убавината е различна за секого - она што ви е убаво вам, за некој може да биде ужасно грдо. Но, веројатно сите можеме да се согласиме дека на почетокот на 21-виот век, во светот на модата владееја навистина чудни, па дури и ужасни трендови. Од светки и шатирање, па сè до тенки и едвај видливи веѓи, погледнете кои беа најлошите трендови во 2000-тите.