Каде се и што прават денес петте деца на Мајкл Џордан?
Сите го знаеме Мајкл Џордан, но знаевте ли дека тој има пет деца? Кошаркарот првпат стана татко во далечната 1988-ма, кога се роди неговиот син Џефри Џордан. Интересно е што тогаш кошаркарот и мајката на Џефри, Хуанита, не беа заедно, па биле потребни и адвокати за Мајкл да ја прифати улогата на родител. Уште почудно е што подоцна Хуанита не само што му стана сопруга на Мајкл, туку заедно имаа и уште две деца.