Добро расположение, повеќе енергија - Необичните придобивки од будењето во 5:30 наутро
Ако сте како повеќето луѓе, веројатно наутро имате време само за да се подготвите за на работа и да излезете. Но, сте помислиле ли некогаш да почните да се будите порано, на пример, во 5:30? Иако наутро сите сакаме максимално да го искористиме времето за спиење, изгледа дека будењето порано има многу придобивки. Се покажало дека луѓето кои се будат порано од другите се во многу подобро расположение. Сепак, кога ќе имате доволно време да се расоните, да појадете, па дури и да повежбате пред да одите на работа, нормално дека ќе се чувствувате многу подобро.