Има Туретов синдром, не планирала да гради музичка кариера - Чудни факти за Били Ајлиш
Се чини како Били Ајлиш да се прослави преку ноќ. Со едвај полни 18 години, таа не само што стана огромна музичка ѕвезда, туку успеа и да ги собере речиси сите Греми награди на последното доделување. Младата пејачка веќе изгради препознатлив музички стил и ни докажа дека не планира да ги следи правилата. Но, и за оваа млада талентирана ѕвезда постојат некои навистина чудни работи. На пример, Били има Туретов синдром, а интересно е што не се плаши да зборува за предизвиците кои доаѓаат со него. Исто така, пејачката воопшто не планирала да гради музичка кариера и нејзиниот успех е сосема случаен…