Што би се случило ако сите луѓе во светот носеа заштитни маски?
Заштитните маски веќе ни станаа секојдневие, но факт е дека не ги носат сите луѓе. Медицинските лица секогаш користат вакви маски, бидејќи секојдневно се изложени на секакви болести. Обичните луѓе, пак, најчесто носат маски кога воздухот е премногу загаден, а периодов ги носиме како заштита од корона вирусот. Но, што би се случило ако буквално сите луѓе во светот одлучат да носат маска? Дали ова ќе има значително влијание врз пандемијата? Колку маски ќе бидат потребни за да се задоволат барањата на сите луѓе? А, дали можеби новата поголема побарувачка ќе резултира и со нови работни места? Погледнете го видеото и дознајте.