Како изгледа корона вирусот под микроскоп?
Сите го почувствуваме влијанието на корона вирусот, но дали досега сте виделе како изгледа овој „штетник“? Ова видео ви ја нуди таа можност. Корона вирусот има само околу 100 нанометри, а ова значи дека е премногу мал за да се види со стандарден светлосен микроскоп. Токму поради ова, сликите од видеото се направени со таканаречен електронски микроскоп, користејќи две разни техники, познати како SEM и ТЕМ. Комбинацијата од овие две техники им овозможува на научниците да го набљудуваат вирусот, начинот на кој се движи и начинот на кој го напаѓа човечкиот организам.