20 едноставни фризури што ќе ѝ се допаднат на секоја девојка
Одвреме-навреме секоја девојка сака да ја промени фризурата, но периодов немаме многу можности за тоа. Можеби сега не можете да се потстрижете или да ја промените бојата на косата, но сигурно имате доволно време да експериментирате со разни фризури. Ова видео ќе ви покаже како да направите 20-тина едноставни фризури, и тоа за долга, кратка, права и виткана коса. За повеќето ќе ви треба само стегач или шнола, и речиси никакво искуство со правење фризури.