Бред и Анџелина, Том Круз и Кејти Холмс - Најбурните врски на познатите
Изгледа дека повеќето холивудски врски не поминуваат без скандал. А, колку подолго траела врската или бракот, толку побурна е разделбата. Можеби најдобар пример за ова се Бред Пит и Анџелина Џоли. Нивната врска дури и започна со скандал - кога се појавија гласините за наводната романса помеѓу Бред и Анџелина, актерот сè уште беше во брак со Џенифер Анистон. Кога разводот на Бред се финализира и кога тој и Анџелина потврдија дека се заедно, изгледаше како ништо да не може да застане помеѓу нив. Беа заедно многу години, основаа огромно семејство, но нештата не одеа по план…