Детален водич од фризер - Како сами да си ја офарбате косата?



На вашата коса не ѝ е грижа што сте во карантин, па наскоро сигурно ќе дојде време за фарбање. Но, фарбањето дома може да биде вистински предизвик, особено ако сакате да користите повеќе бои. Фризерот и јутубер Бред Мондо сфатил дека многу девојки и жени се во ваква ситуација, па решил да направи детален водич за како да си ја офарбате косата сами. Во 20-минутното видео, тој многу добро објаснува кои нијанси е најдобро да ги користите, како правилно да ги нанесете и како да добиете фризура како од салон.

The HWD Facebook commenting plugin is not published