Фризури за кратка коса кои повеќе не се во мода
Сè повеќе жени се одлучуваат за кратка фризура, најмногу бидејќи е попрактична и бара помалку нега. Но, и кратки фризури има безброј, па треба добро да размислите која би ви стоела најдобро. Истовремено, добро би било да земете предвид и која фризура повеќе не е во мода. Долгата боб фризура, позната како „лоб“, беше вистински хит и речиси секоја жена која првпат ја крати косата се одлучуваше за неа. Но, експертите сметаат дека популарноста на лоб фризурата драстично се намалува.